![Osmani millososki](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/06/Osmani-millososki.jpg?resize=696%2C419&ssl=1)
Не се преговара за идентитетот и јазикот со Бугарија и денеска посочи министерот за надворешни работи Бујар Османи на собраниската комисија за надворешна политика која ја свика претседателот на собраниското тело Антонио Милошовски.
Сепак Османи не откри конкретни детали за преговорите со Бугарија но тврди дека нема да и штетат на земјата а португалскиот предлог е взаемно прифатлив додава шефот на дипломатијата.
Претседателот на комисијата Антонио Милошовски пак во насока на гаранциите кои ги изнесе Османи предложи три предлог решенија , кои опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета дека ќе бидат од големо значење за зачувување на идентитетот и единството на земјата во преговорите со Бугарија но истите не беа прифатливи за парламентарното мнозинство кое ја напушти седницата и не можеше да се обезбеди кворум за нивно гласање.
Партиите од албанскиот блок пак со свои ставови. Земјата направила што можела но пречката од Бугарија е реалност велат од Беса, додека пак пратеникот Халил Снопче од Алијансата за Албанците потсети дека екс министерот Димитров барал Македонија да се одели од пакетот со Албанија но не пропушти прилика да потсети и на оптимистичките селфи слики кои премиерот и тогашниот министер Димитров ги постираа елаборирајќи дека земјата добила датум .
Присуството на Османи на комисијата беше и еден од условите за кои опозицијата посочуваше дека постои можност да ги прекине протестите но и ова прашање останува отворено дали ќе биде така со оглед на тоа што парламентарното мнозинство не ги гласаше предлозите на опозицијата.