Бројот на загинати по ударот на лавина која го погоди хотелот „Ригопиано“ во централна Италија се искачи на 29 лица, откако спасувачките екипи пронајдоа уште две тела.
Спасувачката операција е завршена по пронаоѓањето на сите лица. Несреќата се случи на 18-ти јануари, а истата ја преживеаја 9 лица меѓу кои четири деца.
Обвинителството соопштило дека обдукцијата на првите шест тела покажала дека луѓето починале од физички трауми непосредно по рушењето на хотелот, но и како последица на смрзнување и гушење.
Лавината го погоди хотелот со јачина еднаква на онаа кога 4.000 камиони со полна брзина би удриле во хотелот, наведува франциската државна агенција.