Бројот на жртвите во уривањето на станбената дванаесеткатница во Сарфсајд на Флорида ноќта кон неделата по средноевропско време се зголеми на пет, а уште 156 лица се водат како исчезнати, изјави на брифингот градоначалничката на округот Мајами-Дејд, Даниела Лавин Кава.
„Нашите спасувачки екипи пронајдоа уште едно тело во урнатините, а во пребарувањето откриени се и друг човечки останки“, рече Лавин Кава за претставниците на медумите.
„Тоа значи дека бројот на исчезнатите е намален на 156, а бројот на потврдените смртни случаи се качи на пет“, додаде градоначалничката.
Нагласи дека за утврдувањето на индентитетот на жртвите стручњаците користат примероци од ДНК обезбедени од семејствата на станарите и други луѓе за кои во моментов нема информации каде се наоѓаат.
Повеќекатниот станбен блок делумно се урна во четвртокот. Според локалните власти, најмалку половината од 130-те станови биле уништени.