Извлечени двојките во ЛШ: Реал против Сити, Елмас со Наполи на Барса

EPA-EFE/LAURENT GILLIERON

Ждребот за осминафиналето од фудбалската Лига на шампионите, кој во понеделникот се одржа во Нион, ги судри двајцата фаворити Реал Мадрид и Манчестер Сити.

Во Лигата на шампионите Реал Мадрид и Манчестер Сити се соочијаа во сезоната 2012/2013 во групната фаза, кога „Граѓаните“ ги водеше Роберто Манчини, а на клупата на „Кралевите“ седеше Жозе Мурињо. Тогаш во Манчестер средбата заврши без победник 1:1, а во Мадрид славеше Реал со 3:2.

Во сезоната 2015/2016, коа Реал стаса до финалето и ја освои титулата европски шампион, Реал и Сити се сретнаа во полуфиналето. Првиот меч во Манчестер заврши повторно без победник 0:0, а во реваншот во Мадрид Реал славеше со 1:0. Тренер на Реал тогаш, како и сега, беше Зинедин Зидан, а Сити го водеше Мануел Пелегрини.

Македонскиот репрезентативед Елиф Елмас со неговиот Наполи ќе има тешка задача да се избори во четвртфиналето во Барселона.

Од другите двојки во осминафиналето според атрактивноста уште се издвојуваат Челзи – Баерн, Атлетико Мадрид – Ливерпул и Борусија Дортмунд – ПСЖ.

Првите натпревари на распоредот се на 18-ти, 19-ти, 25-ти и 26-ти февруари, а реваншите се на 10-ти, 11-ти, 17-ти и 18-ти март следната година.

 

Двојки:

Борусија Дортмунд – ПСЖ

Манчестер Сити – Реал Мадрид

Аталанта – Валенсија

Атлетико Мадрид – Ливерпул

Челзи  – Баерн

Лион – Јувентус

Тотенхем – Лајпциг

Наполи – Барселона