Извлечени групите за ЕП 2024 во Германија

Германија како домаќин на турнирот се најде во групата А и помина прилично добро, бидејќи и покрај тоа што игра во ужасна форма, ќе влезе како фаворит во пресметките со Унгарија, Шкотска и Швајцарија.

Сепак, убедливо најтешката е групата Б која е означена како „група на смртта“, а во истата се најдоа Албанија и Хрватска. Носител во оваа група е Шпанија, а како селекција од четвртиот шешир беше избрана Италија.

Група А: Германија, Унгарија, Шкотска, Швајцарија

Група Б: Шпанија, Албанија, Хрватска, Италија

Група Ц: Англија, Данска, Словенија, Србија

Група Д: Франција, Австрија, Холандија, победник од плеј-оф лига А

Група Е: Белгија, Романија, Словачка, победник од плеј-оф лига Б

Група Ф: Португалија, Турција, Чешка, победник од плеј-оф лига Ц