Извлечени групите за кошаркарското Европско првенство 2022 година

Bо Берлин во четвртокот беше извршена жребувањето за следното Европско кошаркарско првенство, кое во 2022 година ќе се игра во четири држави.

Жрепката за новиот континентален собир беше полудиригирана, а во секоја од четирите групи ќе учествуваат по шест селекции.

Евробаскетот ќе се одржи од 1 до 18 септември 2022 година во четири земји (Германија, Грузија, Италија и Чешка), а финалето на турнирот ќе се игра во Берлин.

Пред ждрепката, секој од домаќините имаше право да избере една селекција со која ќе биде во истата група, па Грузија ја одбра Турција, Германија се одлучи за Литванија, Италија за Естонија и Полска ќе игра против Чешка.

Четирите најдобри селекции од секоја група ќе се пласираат во осминафиналето на Европското првенство, а трофејот го брани селекцијата на Словенија.

Словенија која се очекува да биде предводена од Лука Дончиќ ја доби најтешката група, тие во Б, а покрај нив таму се уште и Франција, Литванија, Германија, Унгарија и Босна и Херцеговина.

Србија доби добра ждрепка, тие се во групата Д заедно со Чешка, Полска, Финска, Израел и Холнадија.
Во групата Ц ќе играат Грција, Италија, Хрватска, Украиина, Велика Британија и Естонија, а во групата А се Шпанија, Русија, Турција, Грузија, Белгија и Бугарија.