Неименуван избор запознаен со ситуацијата на американскиот претседател Доналд Трамп по потврдата дека тој е заразен со новиот коронавирус, изјавил за новинарите дека показателите за здравствената состојба во последното деноноќие „предизвикале голема загриженост“, што е спротивно со официјалното мислење кое го објавија лекарите во Белата куќа.
„Виталните показатели кај претседателот во текот на изминатите 24 часа беа многу загрижувачки и следните 48 часа ќе бидат критично важни од аспект на неговото лекување. Сѐ уште не сме на јасен пат кон негово целосно закрепнување“, рекол изворот кој го цитираат новинарите акредитирани во Белата куќа.
Притоа не е се соопштува дали неименуваниот извор е медицинско лице. Агенцијата The Associated Press додава дека лицето кое барало да остане анонимно поради тоа што немало овластувања за настап во јавноста, потврдува дека виталните знаци на Трамп биле „многу загрижувачки“ во изминатите 24 часа, но оти се подобриле откако бил примен во воената болница во Мериленд.
Во петокот вчерта таблоидот Vanity Fair повикувајќи се на „двајца републиканците кои се во близок контакт со Белата куќа“ објави дека здравствената состојба на американскиот претседател Доналд Трамп се влошила и кај него се појавиле кашлица и треска.
На Трамп во петокот во Белата куќа му било даван кислород сѐ додека не бил хоспитализиран, објави во саботата трлевизијата ABC News повикувајќи се на неименуван извор близок на америакнскиот претседател.
„Извори блиски на Трамп изјавија дека претседателот имал проблеми со дишењето и добил дополнителен куслород во петокот во Белата куќа, откако кај него паднало нивото на кислородот“, објави телевизијата.
На утринската прес-конференција, лекарите на Трамп, како што пишува телевизијата изнегнале да одговорат на новинарско прашање и рекле дека „во моментов“ на претседателот не му се дава кислород.
Доналд Трамп во моментов се чувствува многу добро, неговото здравје се подобрува, а експертите се задоволни од напредокот, претходно во саботата изјави на брифингот со новинарите, личниот лекар на американскиот претседател Шон Конли.
„Денеска (во саботата) претпладнето претседателот се чувствува многу добро (..) Во моментов јас и тимот специјалисти сме многу задоволни од напредокот направен кај претседателот“, истакна Конли.
„Се чувствувам толку добро што можам да ја напуштам болницата уште денеска“, го цитираше Трамп пред новинарите на тревникот пред болницата во Мериленд, другиот лекар од тимот Шон Дули.
Конли не го прецизираше точниот период кога Трамп би можел да го напишто воено-медицинскиот центар во кој е сместен. Истакна дека претедателот ќе го мине петтдневниот третман со замање на антивирусниот лек „ремдесивир“. Покрај тоа, Конли додаде дека Трамп во моментов нема никакви проблеми со дишењето.
Американскиот претседател Доналд Трамп ноќта кон петокот преку својот профил на Twitter објави дека тој и првата дама Меланија Трамп биле позитивни на тестирањето на коронавирусот. Во петокот ноќта Трамп пристигна во воениот медицински центар „Волтер Рид“ во сојузната држава Мериленд, откако некои медиуми објавија дека се влошила неговата здравствена состојба и дека ќе биде третиран со лекот „ремдисивир“ кој се користи за кратењето на трањето на потешките форми на заболувањето. Лекарите предупредија дека претседателот поради возраста – 74 години и вишокот килограми, спаѓа во ризичната група граѓани.
Како што појасни портпаролката на Белата куќа, Кајкли Мекинени, Трамп следните денови ќе ги мине во споменатата медицинска установа, продолжувајќи да работи од таму. Пред да биде пренесен со хеликоптер, американскиот челник на Twitter објави видео порака во која уверува дека тој и правата дама се чувствуваат добро.