Извори: Ветената руска воена помош ќе пристигне во Сирија за 72 часа

На Сирија ѝ е ветена дополнителна руска воена помош во борбите против бунтовниците кои се противат на претседателот Башар ал-Асад во близина на Алепо, изјавија во саботата за Reuters два воени извора.

Дамаск очекува оружјето да почне да пристигнува во руската база Хмејмим во близина на крајбрежниот град Латакија во следните 72 часа, додаваат изворите.

Сириските бунтовници предводени од џихадистичката исламистичка групција Хајат Тахрир ал-Шам, поранешната сириска Ал Каеда – Џебхат ан Нусра, доцна во петокот објавија дека навлегле предградија на Алепо, најнаселениот град во Сирија во кое има и христијанско население. Владата во Дамаск ги отфрли тврдењата и објави дека Русија ѝ помага на сириската армија со своите воздушни сили.

Сириската армија објави дека продолжува да се спротивставува на нападот и дека им нанела тешки удари на бунтовниците во околината на Алепо и Идлиб, коишто според медиумските извештаи по западната поддршка во најновите борби имала поддршка и од турската артилерија на сириска територија.

На апликацијата Telegram паралелно се шират непотврдени информации дека Асад отпатувал во Москва на разговори со рускиот претседател Владимир Путин. Запрашан за пишувањата, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков за новинарите изјави дека нема „ништо да каже“ на оваа тема.