Извозот на гасот од Норвешка може остро да падне поради штрајкот

Ширењето на штрајкот меѓу норвешките работници во нафтениот и гасниот сектор може да доведе до остро до намалувањето на извозот на природниот гас за повеќе од 50 отсто, предупредија во компанијата „Norwegian Oil and Gas“.

„Речиси 60 отсто од извозот на гас од норвешкиот континентален шкрилец (NCS) ќе бидат погодени доколку штрајкот се интензивира од сабота 9-ти јули. Тоа би значело губење на приход од 1,8 милијарди норвешки круни (182 милиони американски долари) дневно. Дневното производство на нафта од 341.000 барели и извозот на гас од 1,117 милиони барели дневно, што соодветствува на околу 56 отсто од вкупниот извоз на течен гас од норвешкиот континентален гребен“, се вели во соопштението на компанијата.

Норвешка обезбедува четвртина од потрошувачката на енергија во Европа, истакнува во интервјуто за магазинот VG генералната директорка на „Norwegian Oil and Gas“, Хилдегун Блиндхајм.

„Европа е целосно зависна од нас како држава, кога намалувањето на испораките од Русија доведе до многу жесток пазар на природниот гас. Толку масовниот штрајк создава огромни проблеми за земјите кои целосно зависат од обновувањето на своите резерви на гасот пред настапувањето на есента и зимата“, вели Блиндхајм.

Информацијата дека норвешките работници во нафтениот и гасниот сектор стапиле во штрајк од изминатата ноќ со барање за повисоки плати, ја пренесе агенцијата Reuters, повикувајќи се на изјава на челникот на синдикатот Lederne.

Според весникот VG, тоа резултирало со прекинување на активностите на нафтените полиња Гудрун, Озберг Сер и Озберг Ост.

Набрзо норвешката групација за нафта и гас „Equinor“ објави дека поради штрајковите го прекинува производството на три наоѓалишта со вкупно производство од околу 89.000 барели нафтен еквивалент дневно, од кои 27.500 се во природен гас. Во среда компанијата планира да затвори уште три наоѓалишта , каде што дневно се произведуваат 264.000 нафтени еквиваленти на природниот течен гас.