Од почетокот на април Кина извезла медицински производи во вредност од 16,56 милијарди јуани (околу 2,36 милијарди долари) во други земји.
Ова е повеќе отколку што земјата извезла за целиот претходен месец, објави на прес-конференција Ѕин Хаи, раководител на одделот за заеднички операции на Главната царинска управа на Кина.
Од 1 до 12 април цариниците во целата земја пуштиле за извоз стоки за спречување и контрола на епидемијата во вкупна вредност од 16,56 милијарди јуани. Тоа ја истакнува важната улога што ја играат медицинските производи произведени во Кина во глобалната борба со епидемијата и го потврдува фактот дека Кина е одговорна држава, додаде Ѕин.
Во март истите достави биле во вредност од 10,2 милијарди јуани или околу 1,45 милијарди долари.