Извозот на нафта од Венецуела скокнал во ноември

Извозот на нафта од Венецуела скокнал во ноември до нивото од милион барели дневно, што е одраз на повисоките испораки до купувачите во Азија, покажуваат податоците за движењето на бродовите.

Според ревидираните податоци, Венецуела во ноември испорачала во странство во просек 974.033 барели нафта и гориво, што е за 10 отсто повеќе од ноември. Во однос на ноември минатата година, испораките се зголемени за 57 отсто.

Така извозот се зголеми втор месец по ред, покажуваат податоците за движењето на танкерите.

Продажбата на нафта и горива во Азија, најголемиот купувач на венецуелска нафта, се зголемила во ноември за 15,9 отсто во споредба со октомври, на околу 613.000 барели дневно. Извозот во Европа е речиси тројно зголемен, на 85.000 барели дневно.

Со дозвола на Вашингтон, „Chevron“ испорачувал 238.000 барели венецуелска нафта и деривати дневно во матичните САД, 15 отсто помалку отколку во октомври. САД воведоа санкции кон Венецуела во 2019 година, па компаниите мора да побараат дозвола за испораки.

Извозот во Куба е зголемен за 35,7 отсто, на 38.000 барели дневно.

Покрај американските санкции, проблеми за Венецуела предизвикуваат и честите пожари и дефекти на застарената нафтена инфраструктура. Сепак, извозот се зголемил во ноември и покрај експлозијата и пожарот во голема фабрика на државната компанија PDVSA.

Компанијата не одговорла веднаш на барањето на Reuters за коментар на податоците. Министерката за нафта Делси Родригез оваа седмица изјави дека објектите на PDSVA биле цел на „саботажа“, по апсењето на 11 лица под сомнение дека предизвикале инцидент во енергетскиот комплекс.

Во такви услови, венецуелскиот извоз на нафтени нуспроизводи и петрохемиски производи, вклучувајќи метанол и нафтен кокс, паднал во ноември за 8,7 отсто во споредба со октомври, на 330.500 метрички тони, покажуваат податоците.

Венецуела во ноември паралелно го зголемила увозот на тешка нафта и бензински мешавини, за 7,4 отсто во однос на октомври, на 87.000 барели дневно, преку договори за замена со американски и европски партнери, со дозвола на Вашингтон.

Венецуела произведува нафта од 1914 година и го основа OPEC во 1960 година, заедно со Иран, Ирак, Кувајт и Саудиска Арабија, според веб-страницата на Организацијата на земјите извознички на нафта.