Испораките на руски гас преку цевководот Турски тек во Европа се зголемија за 26,7 отсто во јануари во однос на јануари минатата година, што претствува историски максимум, покажуваат податоците од саботата на Европската мрежа на оператори на системи за пренос на гас (ENTSOG).
Извозот на „синиот“ енергенс преку пунктот Странџа 2 – Малкочлар, кој се наоѓа на бугарско-турската граница, од 1-ви до 31-ви јануари изнесува 1,56 милијарди кубни метри или во просек 50,3 милиони кубни метри дневно. Тоа е за 26,7 отсто повеќе во однос на истиот период минатата година – 1,23 милијарди кубни метри или во просек 39,7 милиони кубни метри дневно.
Претходниот максимум беше постигнат еден месец порано. Тогаш извозот на рускиот гас преку турскиот коридор во Европа изнесуваше речиси 1,53 милијарди кубни метри или во просек 49,35 милиони кубни метри дневно. Тоа е за два отсто помалку отколку во јануари.
Договорот за испорака на руски гас за Европа преку Украина истече на 31-ви декември. Киев ја отфрли можноста за продолжување на овој договор дури и за купување од трети земји. Како резултат на тоа, рускиот енергетски гигант „Газпром“ ги запре испораките утрото на 1-ви јануари, наведувајќи дека ја изгубил техничката и правна способност да испоралува гас за транзит низ соседната земја.
Сега единствен извор на гас од руски гасовод за Европејците останува ткн Балканскиот тек, кој добива енергенс од Турски тек. Секоја година, приближно 14-15 милијарди кубни метри минуваат низ него во Романија, Грција, Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Унгарија.