Извршена 1.500-та смртна казна откако во САД беше вратена пред четири децении

Американската сојузна држава Џорџија во четвртокот ги изврши 1.500-то погубување во САД, откако во 1976 година, смртната казна беше повторно воспоставена.

Смртнта казна е извршена со смртоносна инјекција над 42-годишниот Марион Вилсон, кој е прогласен мртво во 21,52 часот по локално време во Дијагностичкиот и класификациски затвор Џорџија во Џексон, објави надлежниот државен оддел.

Вилсон бил осуден во 1997 година за убиство извршено на крајот од март 1996 година, кога имал 18 години, и бил член на локална банда.

Сојузната држава Џорџија има долга историја на извршување на смртната казна, а по една тижна од 1972 година беше воведен мораториум на егзекуциите во САД. Четири години подоцна, Врховниот суд ј апотврди смртната пресуда за уште еден осуденик, што доведе до нејзино повторно практикување.

Оттогаш Џориџија егзекутираше повеќе осуденуици отколку сите пет сојузни јужни држави во кои се практикуваше, а на Југот се изведени огромно мноинство егзекуции, 1.277 од 1.500-те, вклучувајќи ја и оваа на Вилсон, според податоците на Информативниот центар за смртна казна.

Вилсон е 74-та личност егзекутирана во Џорџија од 1976, втората во оваа сојузна држава во 2019 и десеттата егезкутирана во САД годинава. Дражвата Тексакс има извршено убедливо најмногу егзекуции, повече до 560 од 1976 година. Сепак, се забележува дека има намалување на бројката смртни казни извршени во САД последните години. Сојузните држави почнуваат да ја менуваат политиката за изрекување на смртната казна. Неодмана Њу Хемпшир стана 21-та дрќава којашто ја укина смртната казна. Уште 29 држави сѐ уште ја задржуваат смртната казна како опција, но само неколку држави – Тексас, Флорида, Алабама и Џорџија – редовна ја практикуваат.