Извршен ракетен напад на Одеса, уништена е пистата на аеродромот, нема жртви

Руските сили извршија ракетен напад на аеродромот во Одеса, при што пистата е оштетена и сега е неупотреблива, соопшти денеска украинската армија.

Украинските медиуми повикувајќи се на очевидци јавуваат дека во Одеса одекнале неколку експлозии, откако се огласиле сирените за воздушниот напад.

Аеродромот во Одеса на југот на Украина е погоден со руска ракета која ја уништи пистата, соопштија локалните власти и додаваат дека при тоа немало жртви.

Гувернерот Максим Марченко изјави дека „непријателот од Крим“ го гаѓаше аеродромот во Одеса и дека е уништена пистата. „За среќа, нема жртви“, изјави Марченко за Телеграм.

Ројтерс пренесува дека, украинските медиуми, повикувајќи се на очевидци, јавуваат дека во Одеса одекнале неколку експлозии, откако се огласиле сирените за воздушниот напад.

Според Министерство за одбрана на Украина, Русија ја засилува воената офанзива.

Портпаролот на украинското Министерство за одбрана Александар Мотузјаник денеска изјави дека руските сили истовремено го засилуваат интензитетот на вооружените дејствија во источна Украина во сите правци на дејствување.

Според него, најсилните вооружени активности се одвиваат во областите Слобожански и Доњецк, пренесува украинската агенција УНИАН.