Извршен увид по убиството во Штип: Телото на 29-годишната жена на обдукција

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип извршил увид на лице место каде според првичните информации, во близина на сопствениот дом била лишена од живот една 29-годишна жена. Како што соопштија од ЈО, едно лице е задржано во полициска станица.

– При увидот беа подигнати траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење со цел утврдување на околностите. По наредба на јавен обвинител, врз телото на починатата ќе биде извршена обдукција, се наведува во соопштението.

Како што вчера објавивме, 25-годишен маж убил дваесет и деветгодишна жена во близина на штипскиот парк Суитлак по што се пријавил во полиција.

Според првичните информации од МВР, околу 20:15 часот во Полициската станица- Штип дошол Ф.З. (25) од Штип и пријавил дека ја убил неговата партнерка Е.П. од Штип и посочил дека телото се наоѓа во објект во Штип.

Од страна на полициски службеници телото е пронајдено и предадено на обдукција.