![avioni](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/06/avioni.jpg?resize=300%2C200&ssl=1)
САД и нивните сојузници од меѓународната коалиција за борбата против групата Исламска држава (ИД) денеска извршиле 13 воздушни напади во Сирија и Ирак врз позиции на џихадистите.
САД извршиле четири напади врз ИД во Сирија во близина на градот Кобане. Тие ликвидирале помала воена единица на екстремистите и уништиле четири борбени позиции во реонот на пограничниот град со Турција.
Коалицијата изврши девет воздушни напади и во соседен Ирак. Четири од нападите биле во реонот на вештачкото езеро „Мосул“, во северниот дел од земјата и биле насочени против помала група џихадисти, воена позиција, автомобил и логистичка база на ИД.
По еден напад бил извршен и западно од главниот град Багдад, во близина на Синџар и кај Хадиса.