Извршени нови воздушни напади врз објекти на ИД

Меѓународната коалиција, предводена од САД во текот на изминатата ноќ изврши серија нови воздушни напади врз објекти на џихадистите од групата Исламска држава во Сирија.

Нападнати се цели во околината на еден од најголемите сириски градови Алепо.

Воените авиони ги бомбардирале населените места Ајн Ал Кубани, Сирин, Кара Кузан и градот Ал Баб, кои се под контрола на бунтовниците од ИД.

Засега нема информации за евентуални жртви или за причинетата материјална штета.