Извршител наплатил над два милиона евра од Министерството за финансии

Извршителот Дашмир Саити наплатил милион евра само од камата од Министерството за финансии, но од таму не се расположени да образложат за кој судски спор станува збор и кој е доверителот во овој случај, пишува Фактор.мк. Од таму не се нешто посебно расположени да одговорат на испратените новинарски прашања и да дадат објаснување по повеќе од десет изминати дена, што оди во прилог на констатацијата дека колку повеќе една владеачка гарнитура е на власт, толку поголеми се шансите да се намалува транспарентноста.

На сметката на извршителот од Тетово на почетокот на јули биле исплатени од Министерството за финансии 59.774.825 денари. За основниот долг се исплатени 76.651.656 денари, додека наградата за извршената наплата е 746.860 денари.