Од денеска почнува повратот на ДДВ. Граѓаните ќе треба да ги собираат фискалните сметки од производите кои ги купиле и услугите кои ги добиле, а за кои платиле најмногу 30.000 денари. Секоја сметка треба да се скенира на посебна апликација „МојДДВ“ која ќе треба да се инсталира на паметен мобилен телефон за да од сите после корисникот добие поврат на 15 отсто од платениот ДДВ. Ако евентуално некој нема таков телефон или не знае да инсталира и да користи вакви апликации, фискалните ќе може да ги носи во сите организациски единици на Управата за јавни приходи.
За парите кои ќе се добијат како поврат на ДДВ граѓаните нема да плаќаат персонален данок, но тие пари, ќе може да се наплатуваат од извршители за стари долгови.
Првата исплата ќе биде во декември 2019 година директно на сметките на граѓаните, а потоа на секои три месеци, односно во февруари, мај, август и ноември.