Ј.Кореја има потреба од вистинско чудо

Дуелот против првопласираниот во групата “Х”, селекцијата на Белгија, која веќе обезбеди пласман во 1/8 финалната рунда, најверојатно ќе биде последнот кој репрезентативците на Јужна Кореја ќе го одиграат во Бразил.

Треба да се случи вистинско чудо за да претставникот на Азија заврши на втората позиција и обезбеди пласман во 1/8 финалната рунда.

Освен од меѓусебниот дуел, успехот на Ј.Кореја заврши и конечниот резултат кој ќе биде постигнат на дуелот помеѓу репрезентациите на Русија и Алжир.

“Јас сум реален, јас сум свесен дека за нас, се е сведено на теорија. Веќе ако тука завршува нашиот настап во Бразил, тогаш да се простиме со еден добар резултат, со една добра игра против големиот фаворит. Ние ја прокоцкавме најголемата шанса, не смеевме да го загубиме дуелот против Алжир. Скапо ги плативме сите грешки кои ги направивме на тој натпревар”, изјави селекторот на Ј.Кореја, Хонг Мунг-Бо.