Педесетидвегодишен маж од Бања Лука (БиХ) е уапсен откако ја демолирал спортската обложувалница. Тој уплатил ливче со неколку парови, а откако „паднал“, толку се налутил што земал столче и скршил пет телевизори.
Девојката која била вработена во обложувалницата повикала полиција, а лицето било уапсено.
Материјалната штета допрва ќе се утврдува, а лицето З.К. е пуштено на слобода. Против него сигурно ќе биде покрената пријава за нарушување на јавниот ред и мир, јавуваат босанските медиуми.