Ја депортирале од Шведска, па завршила во „Идризово“

Скопјанка завршила во „Идризово“ веднаш откако се симнала од авион со кој била депортирана од Шведска, информираше МВР.

Станува збор за М.Ш.(38) која заедно со својот 11 годишен син вчера стигнале на Граничен премин Аеродром Скопје, како депортирани лица. Тие заминале во Шведска во 2014 година и побарале азил, но не им било прифатено барањето и биле вратени во Македонија.

По извршена проверка било констатирано дека М.Ш. се наоѓа на листа со мерка „Апси“, додека момчето се наоѓа на листата „исчезнато лице“. Лицата се приведени, по што момчето било предадено на инспектор за малолетничка деликвенција за понатамошна постапка, додека М.Ш. била предадена на полициски службеници од Полициската станица Гази Баба за спровод до КПУ„Идризово“.