Семејна драма се случила во понеделникот во семејната куќа на скопјанецот С.Н. (34), кој по претходна вербална расправија, почнал со перница да ја удира својата мајка, а откако брат му се обидел да го спречи во тоа, С.Н. со тупаници почнал да го удира и него нанесувајќи му видливи телесни повреди.
Братот на пријавениот успеал да избега од дома и да го пријави настанот во полиција.
С.Н бил веднаш приведен во полициска станица и по извршениот разговор бил ослободен.
Но, откако пристигнал дома, повторно продолжил со малтретирање на неговата мајка удирајќи ја со тупаници по главата и телото по што таа паднала на земја, а потоа влечејќи ја за нога ја извадил надвор од нејзиниот дом и ја заклучил влезната врата.
Мајката го пријавила настанот, за што С.Н. повторно бил приведен.
Инаку пријавениот С.Н. уште како малолетник е познат сторител на кривични дела и против него се поднесени 12 кривични пријави (за кривични дела од областа на неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, тешка телесна повреда, лажно пријавување кривично дело, кражба, одземање моторно возило, тешка кражба, загрозување со опасно орудие при тепачка или караница, даночно затајување, фалсификување или уништување деловни книги), а за дел од нив му се изрекувани мерка засилен надзор од родител-посвоител, две условни осуди и четири казни затвор.