Полицијата трага по скопјанец кој ја претепал невенчаната сопруга и и го грабнал детето, информираше МВР.
Станува збор за Б.С.(29) од Скопје, а инцидентот се случил вчера во Битола.
Насилникот во 3.30 часот дошол во домот на Ѓ.Р.(30) на улица Љубојно. Тој веднаш ја нападнал сопственичката, па откако ја удрил неколку пати и ги зел мобилните телефони. Тогаш истурил запаллива течност врз прозорите и завесата и ги запалил. Додека Ѓ.Р. го гаснела пожарот со ќебе, невенчаниот сопруг на сила и го зел тригодишното дете и со неговото возило заминал во непознат правец.
Полицијата извршила увид на местото на настанот и презема мерки за целосно расчистување на случајот.