Ја претепал сопругата затоа што се обидела да побегне од него

Бесплатна СОС линија за жртвите на семејно насилство
Бесплатна СОС линија за жртвите на семејно насилство

Битолчанец ја претепал сопругата, кога се обидела да побегне од него. СВР Битола поднесе кривична пријава против лицето Д.Ј. (45) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела загрозување на сигурноста и телесна повреда.

Пријавениот на 22 февруари годинава, по претходна расправија, упатил сериозни закани по живот и тело на неговата сопруга С.Ј. (45), по што истата избегала од домот.

Пријавениот успеал да ја стигне по што ја удирал со тупаници и ја влечал за косата.