Педесет годишниот Ниел Клулоу минатиот месец патувал од Велика Британија до Шпанија со пасошот на својата девојка.
Тој тврди дека пред излегувањето од дома случајно го земал пасошот на неговата девојка. На аеродромот во Бирмингем за него немало дополнителни прашања поради пасошот, како ни во шпанскиот аеродром во Аликанте.
Авионската компанија го обвини нивниот вработен за инцидентот и потврди дека му овозможиле влегување на летот со неисправен пасош.
Во тек е истрага, а Клулоу го замолиле да ја идентификува агентката која му дозволила да се качи, меѓутоа тој тоа го одбил и оттогаш не му се јавиле.