Ја разбирам загриженоста, но омразата не е одговор

Германската канцеларка, Ангела Меркел изјави денеска дека сериозно ја сфаќа загриженоста на Германците во врска со кривичните дела кои ги извршуваат мигрантите, но порача дека „нема оправдување“ на тоа да се  реагира со омраза и со наклоност кон нацизмот или насилството.

Меркел, во говорот пред парламентот, рече дека разбира оти многумина се загрижени за насилството кое го вршат мигрантите и по убиството на Германец Кемниц, а за кое се уапсни Ирачанец и Сириец.
Германската канцеларка е во исто време ги осуди демонстрациите на десничарите во Кемниц, источна Германија, при што беа повредени неколку странски државјани.

Не постои оправдување или изговор за омразата, употребата на насилство, користењето на нацистички симболи и непријателство кон луѓето кои поинку изгледаат, рече Ангела Меркел.

Таа ги повика земјите членки на ЕУ да бидат солидарни и да обезбедат Европската гранична управа иФронтекс, да имаат доволно овластувања за даа бидат ефикасни во сопирањето на нелегалната миграција,