Дваесетгодишник во средата во близина на скопски хотел во строгото централно градско подрачје со истрели од огнено оружје ја застрелал својата мајка, се наведува во дневниот билтен на Министерството за внатрешни работи.
Дваесетгодишниот идентификуван како И.М. од Скопје вчера со огнено оружје, за кое полицијата претпоставува дека е пиштол, пукал и ја погодил својата мајка М.М. во пределот на стомакот. Случајот во полиција го пријавил неговиот вујко Г.М.
Крвавивот настан се случил околу 15 часот на земјениот паркинг зад хотелот „Стоун Бриџ“, кога И.М. со огнено оружје пукал и ја погодил неговата мајка.
Братот на повредената и вујко на напаѓачот ја однел повредената во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, каде и е констатирана телесна повреда, расекотина на десниот дел од стомакот.
Полицијата извршила увид на местото на настанот, на возилото забележани се оштетувања, а пронајдени се и подигнати четири чаури од огнено оружје за вештачење.