Јаболко во чоколада – Десерт што го лекува срцето

По препорака на доктор Оз, конзумирањето на јаболка и темна чоколада претставува „суперхрана“ што е добра како лек за превенција на болестите на срцето и крвнита садови.

Имено, јаболкото, а посебно нејзината кора, го содржи соединението куерцетин, што има својство да ги спречува внатрешните воспалувања на крвните садови.

Оваа особеност може да се засили со флавоноиди, кои што ги има во темната чоколада, а кои што се силен антиоксиданс. Според студиите, здружени во оваа комбинација, антиоксидансите од јаболкото и темната чоколада значително го намалуваат ризикот од срцеви заболувања и го спречуваат затнувањето на крвните садови.

Комбинацијата се однесува на неизлупените, по можност непрскани јаболка и темната чоколада со висок процент на какао.

Затоа немојте да се двоумите да го подготвите овој десерт, затоа што ова е една од ретките прехрамбени комбинации што е мошне вкусна, а истовремено има и значајни ефекти за здравјето.

 Рецепт:

Јаболката исечете ги на парчиња и натопете ги во темна чоколада стопена на ниска температура. Почекајте чоколадата да се олади и да се стврдне, а потоа уживајте.

Секако јаболката можете да ги декорирате со сечкани ореви, бадеми или со декоративни трошки – се зависи од вашата фантазија.