
Поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ и почесен претседател на партијата, Никола Груевски, се огласи на социјалните мрежи, со цитат од писателот Иво Андриќ.
-Јаден е оној кој мора некого да понижи за да се воздигне себе, стои на фотографијата која Груевски ја објави на Фејсбук.
Инаку, за утре е најавен протест за правда за Никола Груевски пред основниот суд Скопје 1.
Група граѓани и симпатизери на поранешниот премиер на Република Македонија Никола Груевски преку социјалните мрежи организираат мирен протест за правда кон него.
Протестот на Фејсбук е најавен за утре ден 07.11.2018 (среда) во 19 часот пред основниот суд Скопје 1 Скопје.
На нивната Фејсбук страна пишува дека цела Македонија е сведок на неправдата која се врши врз поранешниот премиер на Република Македонија Никола Груевски. Експресните постапки со скратени рокови имаат за цел единствено ставање во затвор на Никола Груевски.
За таа цел се повикуваат сите граѓани на Република Македонија на ден 07.11.2018 година (среда) со почеток во 19 часот на МИРЕН ГРАЃАНСКИ ПРОТЕСТ ЗА ПРАВДА ЗА НИКОЛА ГРУЕВСКИ пред зградата на Основниот суд Скопје 1!
-Кога неправдата е на сила, непокорот е единствениот пат до правдата!, стои во нивното соопштение до јавноста.