![atifete jahjaga](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/01/atifete-jahjaga.jpg?resize=500%2C270&ssl=1)
Косовската претседателка Атифете Јахјага, во рамки на своите овластувања, во следните 10 дена треба да распише избори за градоначалник на северна Косовска Митровица, најави денеска косовскиот министер за локална самоуправа, Слободан Петровиќ.
Тој во Грачаница рекол дека изборите треба да се одржат најрано во рок од 30 до 45 дена од денот на распишување. Петровиќ навел дека до претседателката на Косово испратил писмо со извештај околу локалните избори кој што го составило неговото ресорно Министерство.