![Jahta Jadranka](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/11/Jahta-Jadranka.jpg?resize=640%2C480&ssl=1)
Граничната полиција во албанскиот приморски град Саранда блокираше туристички брод и го приведе капетанот на пловниот објект,кој по извршената контрола произлегло дека е украден.
-Запленета е јахтата „Либертас“ на која беа три лица,еден турски и двајца руски државјани. Доплови од гркот остров Крф а по проверката прозлезе дека е украдена во Турција. На албанска територија бродот впловил преку пристаништето во Саранда, соопшти полицијата.
Приведено е лицето Д.У.(47) од Република Турција,кој заработил кривилна прјава за „шверц на моторни средства“.
Граничната поморска полиција од Саранда по размена на информаци со колегите од Грција и од Црна Гора прозлегло дека јахтата е сопственост на турска државјанка.
-Вработените на граничната полиција во Саранда разменија информации со нивните грчки и црногорски колеги и по проверката спроведена од Интерпол Тирана, се покажа дека јахтата која е сопственост на турска државјанка,е украдена, стои во полициското соопштение.
Се додава дека е информирана турската полиција,која контактирала со сопственичката за понатамошни активности.