Јаја Туре ја заврши играчката кариера

Поранешниот репрезентативец на Брегот на слоновата коска, и еден од најдобрите африкански фудбалери на сите времиња, 35-годишниот Јаја Туре, ја заврши својата играчка кариера.

Туре сега ќе се посвети на тренерската професија и на менаџментот во фудбалот.

Во текот на кариерата играше за Барселона, Манчестер Сити, Беверен, Монако, Олимпијакос и Металург Донецк. Најдобрите игри ги прикажа во дресот на Сити со кого освои три шампионски титули во Англија, два Лига купа и еден ФА куп. Со Барселона, пак, ги освои дури седум трофеи, од кои Лигата на шампионите и две шпански првенства.

За репрезенатацијата на својата земја впиша 101 настап и постигна 19 головои, совојувајќи го африканското првенство во 2015 година, а дури четири пати беше избиран за најдобар фудбалер на „Црниот континент“.