Јаја Туре се скара со челниците на Манчестер Сити

Новиот шампион на Англија, тимот на Манчестер Сити е на добар пат да остане без услугите на најдобриот фудбалер во изминатата сезона, одличниот играч за врска, Јаја Туре.

Димитри Селук, агентот на репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, откри дека неговиот клиент ќе побара да биде продаден за време на летниот преоден рок, а единствената причина за таквата одлука е непристојното однесување на клупските челници кои на 13 мај заборавиле да му го честитаа 31-роденден.

„Постои голема можност Јаја Туре ова лето да го напушти Манчестер Сити. Многу е вознемирен. Тоа што се случи на неговиот роденден покажува дека клубот не се грижи за него. Тоа беше доказ. Можат во клубот сега да кажат што сакаат. Можат да речат „Го почитуваме Јаја, но заборавивме“. Заборавивте? Заборавивте на играчот кој ви помогна да освоите две титули во Премиер лигата? Кој ви помогна да го освоите ФА Купот и Лига купот? Во нормални клубови соиграчите и клубот во најмала рака ви му кажале барем среќен роденден! Екипата освои шампионска титула во Премиер лигата. Два дена подоцна има голема забава на која се прославува таа титула. Но, на никого не му падна на памет да дојде и да му го честита роденденот на Јаја“, изјави агентот на Јаја Туре.