Јакимовска: Кланот Заеви ја користи функцијата на Заев, за да купуваат фирми по багателни цени

-Трајче Заев, братучед на аболицираниот криминалец Зоран Заев купи 22.25% од акциите на струмичкиот конфекциски гигант „Герас Цунев”, фирма која поседува 7.396 м2 индустриски погони и деловни простори, за само 20.000 евра. Да почитувани граѓани, Заеви купија фирма со имот која вреди милиони, за само 10 евра по метар квадратен. Акциите купени од Трајче Заев, се купени под паритет, односно под реалната вредност на истите. Заеви со оваа купопродажба се имаат стекнато со несразмерно голем имот, за кој имаат платено само 20.000 евра, истакна Светлана Јакимовска од ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните, додаде, со 20.000 евра не можат да купат ни гарсониера со површина од 25 м2, а не индустриски гигант со милионски имот.

-Почитувани граѓани, овде од авион се гледа дека нешто не е во ред. Заеви заслепени од власта пикираат фирми и имот, вредни милиони, кој го купуваат по багателни цени. Кланот Заеви забрзано ги става под своја капа големите фирми. Основното Јавно Обвинителство не смее да остане нем сведок на ваквиот мошне сомнителен начин на стекнување на огромен милионски имот за минимални суми. Основното Јавно Обвинителство и правосудните органи, не смеат да подлегнат под притисоците на власта, за негонење на криминалот во власта. Република Македонија е правна држава и одговорност за секое сторено криминално дело мора да има и ќе има. Сите оние кои ќе се дрзнат да го озаконат криминалот на Заеви и врхушката на власта, треба да знаат дека ќе сносат кривична одговорност со враќањето на демократијата и владеењето на правото во Република Македонија.