Кампањата на СДСМ е за жал плукачка, со измислување или конструкција на афери. Ова го вели Стевчо Јакимовски во изјава за радио Слободна Македонија.
На прашањето за неговото гледиште за работата на Заев и Шекеринска, Јакимовски одговара:
„Кампањата нема ништо конструктивно. Сметам дека им досадува на граѓаните да слушаат секојдневно измислени работи. Една таква беше за фамозните 20.000 купени гаќички во општина Карпош со алузија дека Стевчо перел пари. Јас сум за таа работа апсолутно неквалификуван и ќе морам да побарам часови од господинот Бобо Дајнерс, сопруг на Радмила Шекеринска. Тој е експерт, очигледно му се познати овие работи. Јас верувам дека ќе може да ми даде квалитетни совети во тој дел“.
Тој посочува дека аферата за Шекеринска и нејзиниот сопруг апсолутно има основа.
„По мое мислење, покрај таква висока кирија, се исплаќа и плата, а при тоа се прикривани придонеси за пензиско-инвалидско, здравствено осигурување и придонес за осигурување во случај на невработеност, што е спротивно од Законот за перење на пари, Законот за плата и спротивно на кривичниот законик во Република Македонија“, заклучи Јакимовски.