Заев не се труди да во оваа држава воспостави правна држава, да ги подигне демократските капацитети на РМ, туку негова цел е да воспостави партиска држава, а тоа се огледа токму преку овој пример, каде што тој се појавува на Суд само во Струмица каде што има нему блиски судии.
Ова е коментарот на градоначалникот на општина Карпош и лидер на партијата ГРОМ Стевче Јакимовски, ја коментира судската пресуда на струмичкиот суд, кој пресуди во интерес на лидерот на СДСМ Зоран Заев.
Се случува еден парадокс. Првиот парадокс е што Зоран Заев за истиот предмет на скопскиот суд не се појавува, а за истиот тој предмет во Струмица се појавува. Мислам дека се обидува да се однесува како „големиот Јоже“, кој викаше дека покрај партискиот суд не го признава судот на поранешна Краљевина на Југославија. Меѓутоа морам да кажам дека Краљевина Југославија, била држава кој си кажал што си имал да каже ама Јоже си одлежа во Лепоглава. Истото мислам дека и ова што се случува денеска со судството во Македонија се прави еден опасен преседан каде што му се прогледува на лидерот на опозиција низ прсти и практично избриша паркет и со Обвинителството и со Судството и ние сме сведоци дека тој не се труди да во оваа држава воспостави правна држава, да ги подигне демократските капацитети на РМ, туку негова цел е да воспостави партиска држава, а тоа се огледа токму преку овој пример, каде што тој се појавува на Суд само во Струмица каде што има нему блиски судии, или како што граѓаните на Струмица милуваат да кажуваат дека судијката Лидија Аризанва и целото нејзино семејство се симпатизери на СДСМ, а тоа се огледа и во тоа што колку си побара човекот казна, си побарал 300 илјади денари, таа му досудила 300 илјади денари, значи ако побарал 3 милиона веројатно и толку ќе имал досудено, вели Јакимовски.
Понатаму Јакимовски вели дека парадоксално е што цело време судијката на Заев му се обраќала со градоначалниче.
Сите што познаваат малку право се знае како се обраќа еден судија на тужител и на тужен. Од друга страна интересно е што Зоран Заев за овој предмет во Струмица сака да се појави, овде не се појавува, а она што е најголемиот парадокс е што судијката Аризанова воопшто не сакала ЦД-то, видео снимката да ја земе во обзир дури и кажала дека таа не гледа наши телевизии, веројатно „Планет Анимал“ гледа и како доказ воопшто не сакала да ја земе оваа снимка на која што Зоран Заев јавно бара мито, а од друга страна си ги кажува сите оние од кои што земал мито, во исто време кажува каде треба да се однесат парите, ја објаснува целата таа технологија на земање на пари. Навистина, за нас е чудно како може еден судија да не прави буквално сите будали, целата македонска јавност, а особено граѓаните на Струмица каде што носи ваква небулозна пресуда со која што практично го штити градоначалникот на општина Струмица и лидер на опозицијата Зоран Заев, изјави Јакимовски, кој беше гостин во политичката емисија ПУЛТ на Радио Слободна Македонија.
РСМ: Она што е можеби најинтересно во овој случај покрај појавувањето и непојавувањето на Зоран Заев во два различни судови, односно признавањето на еден суд, а не признавањето на друг е непризнавањето на видео снимката како доказ во судската постапка, притоа оваа сника е направена со посебни истражни мерки, тоа беше обелоденето кога беше покренат обвинителен акт против Заев. Дали со барањето на Зоран Заев оваа снимка да не биде доказ во судска постапка практично лидерот на опозицијата и ги врзува рацете на специјалната јавна обвинителка од која претходно бараше да ги земе во предвид незаконски стекнатите прислушувани разговори?
Точно. Оние незаконски стекнати снимки кои што тој ги достава до Судот и сега кај специјалниот обвинител, тие треба да бидат земени во обзир, а снимката која што е прибавена со посебни истражни мерки, таа неговата судијка не ја зема како релевантен доказ, додава Јакимовски.
Целото гостување на Јакимовски во РСМ погледнете го во видеото.