Поранешниот напаѓач на италијанската фудбалска репрезентација со која во 2006 година ја освои светската титула, сега 38-годишниот Винченцо Јакинта е осуден на две години затвор поради незаконско поседување огнено оружје, додека неговиот татко Џузепе е осуден на 19 години затвор поради соработка со мафијашката организација ’Ндрагета.
На пораншениот напаѓач на Јувентус и Удинезе му се закануваш и поголемата затворска казна, бидејќи обвинителот бараше шест години затвор, но Јакинта е ослободен од обвинувањето за помагање на мафијашката организација. Со процесот кој започна во декември 2015 година, обвинети беа дури 148 лица, а меѓу осудените е и теткото на фудбалерот Џузепе Јакинта, и тоа на казна од 19 години затвор.
Поранешниот фудбалер е осуден за нелегално поседување пиштоли „Smith&Wesson Magnum 357“ и „ Browing“ со калибар 7,65 мм. Јакинта тврдеше дека оружјето го чувал во својот дом, а пиштолите потоа му ги дал на својот татко кој од претходно имал забрана за поседување оружје поради поврзаност со членови на споменатата моќна калабриска мафијашка група.
„Пиштолите ги купив бидејќи сакам да одам во стрелана кога имам слободно време“, се бранеше фудбалерот на судењето. По изрекувањето на пресудата, пак, не беше многу расположен за изјави.
„Оваа пресуда е срамотна. Го уништија мојот живот, иако ништо не сум сторил. Последните четири години ме прогонуваат како пес, моите деца патат, а не сум сторил ништо“, изјави Јакинта кој нема веднаш да оди во затвор, бидејќи има право на жалба на оваа пресуда.
Јакинта беше член на италијанската селекција коајшто на Светското првенство во 2006 година го освои првото место. На мундијалот настапи на пет од седумте натпревари постигнувајќи еден гол во победата од 2:0 против Гана во групната фаза. Во дресот на „аѕурите“ одигра 40 мечеви постигнувајќи шест голови. Во текот на кариерата шест години играше за Јувентус, седум за Удинезе, а настапуваше и за Падова и за Чезена.