Фудбалските селекции на Јамајка и САД ќе играат во полуфиналето од Колд клупот откако во неделата во четвртфиналните дуели ги елиминираа репрезентациите на Панама односно Куракао.
Јамајка се пласирапше во третото последователно полуфинале на Голд купот откако во Филаделфија со 1:0 ја победи Панама со погодокот на Дарен Матокс во второто полувреме. Тој погоди од белата точка во 85 минута од дуелот.
Бранителот на титулата САД местото во полуфиналето, исто така, го осигураа со минималната победа над Куракао, а стрелец на единствениот гол беше Вестон Меккени.
Јамајка и САД полуфиналниот дуел ќе го играат во среда во Нешвил, додека втората полуфинална двојка ја сочинуваат Мексико и Хаити кои за место во финалето ќе се соочат во вторник во Глендејл.