Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, денеска во општина Могила изврши увид во градежните работи на патот до Српци.
Се работи за инвестиција од околу пет милиони денари. Ова е еден од многуте локални патишта, околу 100, што ќе се реконструираат и изградат во 2014 година, рече Јанакиески.
Ние, додаде тој, со овој проект сакаме да ја подобриме локалната патна инфраструктура со цел да овозможиме побезбедно патување од едно до друго населено место.
Но, исто така, овој пат ќе го користат и земјоделците кои многу подобро и побезбедно можат да стигнат до своите ниви, рече Јанакиески во селото Долни Српци, општина Могила.