Јанакиески и Попоски на министерската конференција во Приштина

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска  учествуваа на Министерската конференција на Западен Балкан „Подобра поврзаност, силна и клучна транспортна мрежа“, која се оддржи во Приштина.

На Конференцијата присуствувашe и комесарот за соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан, a се обрати и комесарката за транспорт  Виолета Булц.

Денешниот состанок се организира како дел од Берлинскиот процес, а во пресрет на состаноците во Рига и Виена , во мај и јуни оваа година.

janakieski_poposki (2)

На Конференцијата се остварија дискусии во однос на предложената методологија на Европската комисија за определување на приоритетни транспортни коридори и се разменија мислења за предлозите за усогласување на клучната транспортна мрежа во земјите од Западен Балкан.

Поврзувањетo на земјите од регионот ќе доведе до зголемување на инвестициите, но и зајакнување на врските меѓу луѓето преку границитe и рушење на предрасудите.

– Бидејќи ЕУ е политичка унија, треба да се применат политички критериуми за поврзувањето на регионот. Инфраструктурата не служи само за транспорт на стоки и луѓе, туку и за интегрирање на Балканот во Европскиот проект, истакна министерот Попоски во своето обраќање.

janakieski_poposki (3)

Министерот Јанкиески ја истакна важноста од вклучувањето на целиот Коридор 8 како дел од мрежата на главните европски коридори, посебно ги потенцираше инвестициите и активностите што ги превзема Владата на Република Македонија за развој на коридорите и унапредувањето на поврзаноста со регионот и земјите од  Европската Унија.

На Конференцијата е договорено следниот состанок во регионален формат да се одржи во Македонија. До тогаш ќе биде потребно да се договорат клучните проекти.