Јанчев: Реализирани низа проекти за успешен старт на новата учебна година

Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев во изјава за КТВ информира за реализираните проекти во основните и средните училишта со што се создадени услови за успешен старт на новата учебна година. 

На почеток сме на учебната 2018/2019 година. Во годината што измина во училиштата во Кавадарци беа реализирани низа проекти кои се од големо значење за образованието.

Завршени проекти во 2018 година во ООУ “Тоде Хаџи –Тефов“

– Се изврши асфалтирање на игралиштето-спортските терени кое беше раскопано од движење на камионите при изградбата на спортската сала.

– Се заменија 24 стари врати со нови ПВЦ врати по училниците.

– Се постави метална ограда на потпорниот зид заради безбедност на учениците и поставување на решетки на прозорците на спортската сала.

– Во тек е реконструкција- изработка на фасадата од западната страна на училиштето во Кавадарци која треба да се заврши до крајот на 2018 год.

– Во тек е постапка (предмер пресметка) за изградба на лабараторија по биологија, хемија и физика која треба да се заврши до крајот на 2018 год.

– Се набави голема ТВ плазма која ке има функција на семафор заедно со лап топ, рутер и програма за работа.