Зоран Заев го повика ВМРО-ДПМНЕ да донесе став да повика да се гласа на овој референдум, а партијата и огромното мнозинство донесоа став кој е одговор на расположението секој да донесе одлука според сопственото убедување, односно одлука со која сите опции се во игра.
Единствено кој се согласил со Заев е потпретседателот Митко Јанчев, кој го прифати повикот на премиеортв.
„Не се согласувам со одлуката на партијата во однос на референдумот. Јас сметам дека ВМРО-ДПМНЕ треба да го повика членството да излезе на референдумот на 30 септември и секој сам да одлучи за својот глас, ’за’ или ’против’“, изјавил за МКД.мк Митко Јанчев.
На социјалните мрежи Јанчев веднаш беше нападнат дека на овој начин одработува за интересите на Зоран Заев и СДСМ.
Кавадаречкиот градоначалник во понеделникот присуствувал на седницата на Извршниот комитет на партијата и вели дека гласал телефонски.
„Колку што знам, само јас бев против ставот на партијата граѓаните, членството, сами да одлучат како ќе постапат на 30 септември. Јас сметам дека ВМРО-ДПМНЕ мора да има прецизен став, за бојкот или за излегување на референдумот. Вака топло-ладно не ѝ личи на партијата“, вели Јанчев.
На прашањето за неговиот став во однос на Спогодбата со Грција, Јанчев одби да го коментира тој документ и рече дека наскоро ќе го каже својот став.