
Ја донесов можеби најтешката одлука во мојот живот, многу се размислував и се трудев да си создадам слика за се она што следува во иднина и на крајот победи предизвикот, вели Митко Јанчев кандидат за градоначалник на Кавадарци од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
„Функцијата градоначалник повлекува огромни обврски, огромен напор и многу труд, познавајќи се себе си и целата енергија што ја имам и големата желба за нови предизвици верувам дека одговорно и домаќински ќе ги извршувам моите должности, потенцира Јанчев.
Инаку тој целото видео како и сите проекти во пресрет на вториот круг од локалните избори го прикачи на својот ФБ профил.