
Шефицата на Специјалното јавно обвинителство во оставка, Катица Јанева е на боледување, и официјално потврдија од СЈО. Таа боледувањето го отворила ден по поднесувањето оставка од функцијата, односно на 16 јули.
Од СЈО не откриваат од што е болна Јанева и врз основа на каква документација го отворила боледувањето.
Специјалната јавна обвинителка во понеделникот и соопшти дека поднесува оставка, но формално таа е на чело на СЈО додека не биде избран нејзин наследник.
Јанева веќе трет ден не се појавува на работното место, а нејзина замена се обвинителките Ленче Ристоска и Елизабета Јосифовска.