Јанева: Мојот имот уште ќе се зголемува

Десетте прсти на Катица Јанева за половина година нправиле два стана за нејзините синови, а нејзиниот имот дополнително ќе се зголемува со државни пари, најави денеска таа на прес конференцијата прашана за нејзината имотна состојба.

-Што се однесува до моите станови и мојот имот, сакам да ви кажам дека јас имам два стана на моите деца. Јас имам уште имот, од моите родители уште не сум наследила ништо, значи мојот имот уште ќе се зголемува, али на сметка на моите родители и на мојата работа, на овие десет прсти, рече Јанева.

Весникот Вечер неодамна пишуваше „Како се збогати Катица Јанева?“, односно специјалната обвинителка која на новата функција е нешто повеќе од шест месеци, за половина година купила два стана во Скопје за нејзините деца и еден автомобил.

Откако стана специјален јавен обвинител, Катица си зела две кредитни картички: мастер голд со лимит од 2.500 евра, и американ експрес од Алфа банка со лимит од 3000 евра. Во 2014 подигнала два кредити – едниот од речиси 60.000 евра, другиот од 27.000 евра, кои исто така од непознати причини ги нема во претходниот детален преглед, кој беше објавен минатата година во септември кога Катица беше избрана на функцијата специјален јавен обвинител.