Излезно решение, колку сакате да ја реализирате состојбата, се ова што се случува да не ги повторувам зборовите што ги читаме постојано во весниците од разни слични имиња, познати од едната и од другата страна, изјави во вечерашното издание на „Аргументи“ на ТВ Нова Бранко Јаневски од СДПМ.
„Мислам дека сега на еден или друг начин треба да сфатиме дали ќе биде заедно со локалните избори заради трошоците или посебно, меѓутоа само таму јас гледам излезно решение, во спротивно ќе се блокира парламентот, не може да работи“, рече Јаневски.
Вечерва на тема „Малите партии во големите политички игри“ дебатираат Ердоган Сарач од Движење за национално единство на Турците, Бранко Јаневски од СДПМ и Владимир Голубовски од ВМРО-ДП.