Јаневски со нова авантура во белгискиот фудбалски шампионат

Според белгиските медиуми, поранешниот македонски фудбалски селектор Чедомир Јаневски се договорил со раководството на Мускрон, а се што треба е само да се стави потпис на договорот.

Според медиумите, тој ќе биде во времетраење од една година, а Јаневски ќе биде наследник на Фернандо да Круз кој успеа да обезбеди опстанок со Мускрон.

Дека најголемиот дел од работата е завршена зборува и фактот што веќе е познат стручниот штаб со кој ќе соработува Јаневски. Негов прв помошник ќе биде Лорен Демол од Б-тимот на Мускрон, Ханс Гаље ќе ги тренира голманите, а кондициски тренер ќе биде Оливие Кроес.

Штотуку завршената сезона, Мускрон ја финишира на 13. позиција со 26 бода, само два повеќе од Серкл Бриж кој ја напушти фудбалската елита во Белгија.

Јаневски во новиот клуб доаѓа по едногодишна пауза откако лани го напушти Монс.