Jанкулоска: Хипотетички се спори легитимитет на легитимно избрани функционери

Изјавите  што ги даваат високите политички функционери во овој изборен период несомнено ќе влијаат на одлуката на граѓаните дали да поддржат сериозен демократски капацитет или да поддржат нешто друго, истакна Министерката за внатрешни рбаоти Гордана Јанкуловска одговарајќи на новинарскио прашање поврзано со изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети за тоа дека за нив ќе биде нелегитимен доколку Ѓорге Иванов на претстојните избори биде избран за претседател на Република Македонија.

„Се надевам дека сите изјави кои ги оспоруваат демократските институции на Република Македонија ќе наидат на широка осуда кај мнозинството граѓани. Единствениот коментар на ваква изјава каде што хипотетички се спори легитимитет на легитимно избрани функционери на директни непосредни избори, навистина нема ништо заедничко со демократски капацитет и однесување“, рече министерката.

Таа додаде дека  изборите се моментот кога граѓаните треба да одлучат дали поддршката ќе ја дадат на една, друга или трета политичка опција и единствен начин за секој оној кој сака да наметне или спроведува политика е тоа да го направи преку слободни, фер и демократски избори.