Јанкулоска: И граѓаните и МВР се горди на „Тигрите“

Единицата за специјални задачи „Тигар“ денеска одбележа 33 години од нејзиното формирање,а по тој повод одбележувањето на годишнина Министерката за внатрешни работи истакна дека „Тигрите“ го заслужуваат епитетот елитна единица. Таа додаде дека и Министерството за внатрешни работи и граѓаните се горди на оваа единица.

„Во единицата се луѓе кои со својата пожртвуваност докажале дека единицата го заслужува епитетот елитна. ЕСЗ денес е модерна формација, со високообучени специјализирани тимови, посочи Јанкулоска која додадека токму тие одиграа значајна улога во процесот на осамостојувањето.

Припадниците на оваа единица имаат посебно ниво на обученост, вештини и знаење, а забележителни се досегашните резултати на тимовите за спасување, нуркачкиот тим, снајперските тимови и преговарачкиот тим кој е единствен во Република Македонија.

Јанкулоска појасни дека единицата е персонално освежена, а ќе биде опремена со најмодерна опрема и вооружување во рок од две години, со што на одбележувањето на 35-годишнината од формирањето на оваа единица, ќе биде завршена и оваа задача.

Припадниците на единицата во знак на благодарност за изразената поддршка врачија плакети и благодарници на врвот на Министерството за внатрешни работи и нивните соработници.

Оваа единица е формирана далечната 1981 година во рамките на тогашниот Републички секретаријат за внатрешни работи на СР Македонија. Нејзина примарна цел при формирањето била посебни задачи од типот, обезбедување на јавни личности, справување со кризи, специјални задачи за кои не била подготвена тогашната милиција, а подоцна за антитероризам, специјални задачи од типот диверзантски акции, инфилтрирање позади линијата на непријателот, обезбедување на терен, подготовка на терен за воени дејствија на останати воени државни структури, приведување и апсење на криминалци или личности барани од законот, нуркање, извлекување на давеници, затрупани во лавини, експлозиви, и кучиња трагачи, обезбедување на лица од витално значење. Во поново време единицата беше надградена со воена метода за решавање на воени конфликти надвор од урбана средина.

 

Нејзиното борбено крштевање се случи во 2001 година во војната во Република Македонија. Од тој момент па се до денес се надградува единицата на секое поле. До денешен ден единицата е вброена во ТОП 10 Специјални полициски единици.

 

Рангирана е како трета единица во делот на снајперизам во светски рамки.